Македонски     |     Српски     |     English

PPDM 63P e преточна пумпа со двојна мембрана погонувана  со компримиран воздух.  Наменета е за претување на екстремно вискозни материи, пасти, креми, масти, гелови и слично. Пумпата е поставена во прохромски сад (304 SS), кој се потопува во материјата. Мембраните во зависност од потребата можат да бидат од NBR, EPDM, NBR за прехрана, NR за прехрана и Viton. Куќиштето на вентилот, наседот на вентилот и вентилската плочка се изработени од нерѓосувачки челик (304 SS). Димензиите на вентилите се зголемени за да се подобри пропустливоста, што е потребно при транспорт на повискозни материи.


- идеална за екстремно вискозни и абразивни флуиди
- може да работи неограничено долго на суво
- при блокиран потис нема опасност од оштетување
- погонскиот воздух не се намаслува
- нема одржување
- нема опасност од експлозија

 



Димензии
Висина    
Ширина   
Тежина
Приклучок на воздух
Потис  
.
450 mm
Ф 270 mm
10.3 kg
3/8”
32 mm
 

Перформанси
Максимален проток
Максимален притисок на воздухот
Максимална потисна висина
Максимална големина на цврсти делови
Максимална температура

.
120 lpm
8 bar
50 m
5 mm
85 C


Материјали
Пумпна глава: полипропилен
Сад: 304 SS
Потисна гранка: 304 SS
Kуќиште на вентил: 304 SS
Вентилска плочка: 304 SS
Насед на вентилска плочка: 304 SS
Мембрани: NBR, EPDM, NBR за прехрана, NR за прехрана и Viton

 

За Нас

Кратка историја на фирмата

ARSOPUMP е основана во 2001 год. Од тогаш наша основна цел е континуиран развој на нова технологија и висококвалитетно производство по достапни цени. Сето тоа резултира со високи перформанси на производите и во најтешки ...

прочитај повеќе

Контакт

    e-mail: s.arsovski@arsopump.com.mk

    тел: + 389 2 3067675
    мобилен: +389 75 428 042

    адреса: Орце Николов 174,
    1000 Скопје, Р. Македонија

    вебсајт: www.arsopump.com
 

Новости